за ангажирање на институција, компанија или слична организација која би ги задоволила бараните критериуми за евалуација на Стратегијата за регионален развој за период 2009 до 2019 и евалуација на Програмите за развој на осумте плански региони за потребите на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ - I фаза од проектот

Министерството за локална самоуправа преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“  - I фаза од проектот, објавува Јавен повик за  ангажирање на институција, компанија или слична организација која би ги задоволила бараните критериуми за евалуација на Стратегијата за регионален развој за период 2009 до 2019 и евалуација на Програмите за развој на осумте плански региони за потребите на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“  - I фаза од проектот.

За искажување на интерес и добивање на дополнителни информации за повикот, начинот на аплицирање, како и Опис на задачи (ТоР) ве молиме обратете се преку електронска пошта на следните адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., заклучно со четврток, 25.7.2019 до 12 часот  со наслов на меилот „Повик за искажување на интерес за евалуција на стратегија и програми“. Сите барања за искажување на интерес по дадениот рок нема да бидат земени во предвид. Одговори на барањата ќе бидат испратени по меил најдоцна до понеделник, 29.7.2019 до 12 часот. Дополнителни прашања поврзани со повикот може да бидат поставени по електронска пошта најдоцна до вторник, 30.7.2019 до 12 часот. Повикот трае до четврток, 1.8.2019 година до 16 часот до кога и треба да се достават понудите согласно упатствата кои ќе бидат доставени по електронска пошта.

Изборот на најсоодветна понуда е предмет на одобрување од страна на Комисија за евалуација. Министерството за локална самоуправа го задржува правото да не изврши избор на понудувач доколку Комисијата одлучи дека ниедна од понудите не ги исполнува критериумите наведени во описот на задачи.

Министерство за локална самоуправа, Република Северна Македонија

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54