Јулијана Павковска-Боцевска
Јулијана Павковска-Боцевска, државен секретар во Министерството за локална самоуправа, назначена со Решение 04-1329/1 од 19.07.2024 година.
Родена 19.5.1980 година, дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, со положен правосуден испит, магистранд по административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Работното искуство:
-Основен суд Скопје 2 Скопје, 2003 ‒ 2005 година
-Општина Аеродром, 2005- 2021 година, раководител на Одделението за работи на Советот
-Општина Аеродром, 2021-2024 година, секретар на Општина Аеродром
-Министерството за локална самоуправа, државен секретар – во тек.