МИСИЈА
Унапредување на системот на локалната самоуправа за обезбедување на локални јавни услуги на ниво на утврдени стандарди согласно потребите на граѓаните, како и поттикнување и создавање на услови за динамичен територијален развој преку политиките за одржлив локален развој и рамномерен регионален развој со цел намалување на разликите во развојот на општините, како и меѓу и во планските региони на транспарентен и инклузивен начин. Својата мисија Министерството за локална самоуправа ја остварува во координација со другите надлежни министерства, општините и со ЗЕЛС, во консултација со граѓанскиот и со бизнис секторот.
ВИЗИЈА
Децентрализиран и одржлив систем на локалната самоуправа кој обезбедува кохехзија на граѓаните, доставува квалитетни и стандардизирани локални јавни услуги, и генерира балансиран развој на општините и планските региони.
ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ НА МЛС
- Подготовка на закони и подзаконски акти за уредување и за развој на системот за локална самоуправа и за рамномерен регионален развој;
- Следење на развојот и предлагање мерки за унапредување на локалната самоуправа;
- Следење и поттикнување на рамномерниот регионален развој;
- Следење на функционалноста на територијалната организација на локалната самоуправа;
- Поттикнување, поддржување и следење на меѓуопштинската соработка;
Спроведување програми за прекугранична и транснационална соработка, согласно со одредбите од регулативата на Европската Унија за спроведување на инструментот за претпристапна помош (ИПА‐прекугранична и територијална соработка); - Водење на регистри и евиденции, согласно со закон (регистарот на грбовите и знамињата на општините, евиденција на воспоставените облици на меѓуопштинска соработка, евиденција на меѓународната соработка на општините, евиденција на облиците на месна самоуправа, евиденција за развојните потенцијали на општините и на планските региони.).