Водич низ надлежностите на општините
Со Законот за локалната самоуправа од 2002 година, значително се зголеми обемот на надлежностите на единиците на локалната самоуправа.
Успешното вршење на новите надлежности од страна на локалните власти предизвика потреба и од редефинирање на територијалната организација на локалната самоуправа, во насока на креирање реални, самоодржливи и ефикасни општини.
Со цел да се иплементира Законот, се донесоа повеќе закони со кои се создадоа нормативните основи за трансфер на надлежностите од централно на локално ниво. Заради создавање услови и можности за вршење на пренесените надлежности на општините и Градот Скопје реформиран е и системот на финансирање на локалната самоуправа. По завршувањето на локалните избори отпочнува процесот на реалното, ефективно пренесување на надлежностите на локално ниво, односно вршењето на надлежностите од страна на единиците на локалната самоуправа. За таа цел Владата на Република Македонија донесе Детален план за трансфер на неопходните ресурси за нивно извршување од страна на ресорните министерства до единиците на локалната самоуправа.






Shkarko shtojcën >>




