Програма за спроведување на процесот на децентрализација 2004-2007
Програмата директно се надоврзува на Оперативната програма за децентрализација 2003-2004, која е сконцентрирана на создавање на нормативни предуслови за пренесувањето на надлежностите од централно на локално ниво.
Програмските активности се однесуваат на трансферот на надлежности, вработени, средства за работа и имот од централно на локално ниво и на зајакнување на капацитетите на општините за успешно превземање на пренесените надлежности. Во Програмата е утврдена и потребата од натамошна комуникација на процесот, вршење на надзор и мониторинг над остварувањето на пренесените надлежности.
Оваа програма е проследена со Акционен план занејзина реализација, што обезбедува преглед на активностите што ќе треба да се превземат во назначениот период, за остварување на програмските цели.
Во приодот на реализација на Програмата ќе се врши редовен мониторинг и евалуација на имплементацијата на Акциониот план, врз основа на што тој ќе биде периодично ажуриран, за да се обезбеди актуелност и целисходност на предвидените цели и активности во секој момент од развојот на процесот.







Shkarko shtojcën >>




