Министерот за локална самоуправа, Сухелј Фазлиу, оствари работна средба со претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, г.Неби Хоџа со кого разговараа за интензивирање на соработката помеѓу Министерството за локална самоуправа и  СКСЗМ.

Министерот Фазлиу го информираше г-дин. Хоџа со активностите на Министерството, тековни проекти постојаните настојувања за рамномерен регионален развој на планските региони. Тој ја истакна важноста на соработката со СКСЗМ  додавајќи дека на наша силна определба е развојот на планските региони и ублажувањето на развојните разлики меѓу нив. Во овој поглед, соработка со СКСЗМ другите комори во земјата е од особено значење и  помага за развој и зајакнување на врските меѓу нив и непосредните врски со стопанските субјекти кои имаат важна улога во економскиот развој и намалувањето на невработеноста.

Претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа побара поинтензивна соработка помеѓу Министерството за локална самоуправа и СКСЗМ истакнувајќи дека тоа  ќе биде пред се во интерес на СКСЗМ и нејзините членови односно деловните економски субјекти. Тој ја истакна важноста на учеството на Комората во националните институции и можноста за зајакнување на врските и вклученоста на членовите на СКСЗМ во проекти кои би биле во интерес на пошироката заедница а истовремено и на деловните субјекти кои во вистинска смисла на зборот се движечка сила на општеството.

Министерот Фазлиу ја изрази подготвеноста за соработка и ја поддржа идејата за идна заедничка средба во СКСЗМ, на која ќе се дискутира за одредени теми од обостран интерес.