На покана на градоначалникот на Карбинци, Јордан Насев, денеска заменикот министер Дејан Павлески присуствуваше на состанокот што општината го организираше со претставници на бизнис заедницата.

На средбата претставниците на бизнис заедницата од општина Карбинци беа информирани за услугите што општната ги обезбедува за субјектите од бизнис секторот. Акцентот беше ставен на подготовката на урбанистичката документација, на обезбедувањето на комуналните услуги и други прашања.

На состанокот се разговараше и за реализација на иницијативата за формирање на локален бизнис форум на општина Карбинци, на кој што континуирано ќе се развгледуваат прашања од надлежност на општината кои што се од важност за бизнис секторот.

Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески информираше за проектите за развој на Источниот плански регион, како и за проектите за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби.

Годинава во Источниот плански регион ќе се реализираат 14 проекти, финансирани од Министерството за локална самоуправа во вкупна вредност од 48,5 милиони денари. Во општина Карбинци се гради дел од локалниот пат с. Радање-с. Оџалија, како и уредување на јавни површини во с. Радање.