Печати

I фаза на спроведување

Министерството за Локална самоуправа,врз основа на Договорот помеѓу Владата на швајцарската конфедерација,претставувана од Федералниот Департмент за надворешни работи.дејствувајки преку Амбасадата на Швајцарија во Република Македонија преку Швајцарската агенција за соработка и развој и Владата на Република Македонија претставувана од Министерството за локална самоуправа,спроведуваат проект за Одржлив и инклузивен рамномерен развој во Македонија-прва фаза.

Проектот има потреба од ангажирање на експерти (координатори) кои се заинтересирани да бидат дел од Проектна единица за спроведување на проектот (ПЕСП) која се очекува да започне со работа во април 2018 година и ќе трае до декември 2020 година. Министерството за локална самоуправа го објавува овој повик за искажување интерес за експерти за клучни позиции во ПЕСП кои ќе бидат ангажирани штом се заврши процедурата за селекција на членовите на ПЕСП и се создадат соодветни технички услови за работа.

Кандидатите се очекува да бидат со соодветни познавања и да ги задоволуваат критериумите посочени подолу соодветно за секоја позиција. ПЕСП ќе ја сочинуваат локални долгорочни експерти кои ќе бидат одговорни пред Министерот за локална самоуправа.

За привремен ангажман на следните позиции: 
1. Еден (1)- Експерт-Координатор 1 одговорен за спроведување на Компонета 2 и делумно Компонента 1 (70% ангажман)
2. Еден (1)- Експерт-Координатор 2 - одговорен за споведување на Компонента 3 и делумно Компонента 1(70% работен ангажман)

Ангажманот на горенаведените позиции е со цел операционализација на Програмата за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој што подразбира имплементација на активности за кои е задолжено Министерството за локална самоуправа, а кои се дефинирани преку:

Компонента 1: Владата алоцира и спроведува фондови за рамномерен регионален развој на транспарентен и предвидлив начин, согласно степенот на развиеност на планските региони."

Компонента 2: Потребите и барањата на граѓаните, вклучително и на ранливите категории граѓани, се систематски вклучени од Регионалните совети во процесот на планирање на регионалниот развој."

Компонента 3: Центрите за развој во сите осум плански региони, посебно во помалку развиените, ја подобруваат својата ефективност и ефикасност."

 
Опис на работни задачи и одговорности:

Активности: Координатор 1 одговорен за спроведување на Компонета 2 и делумно Компонента 1 (70% ангажман)

 

Активности: Координатор 2 - одговорен за спроведување на Компонента 3 и делумно Компонента 1(70% работен ангажман)

 

Професионални квалификации/ искуство


- Координатор 1- одговорен за спроведување на Компонента 2 и делумно Компонента 1 (70% работен ангажман)

-Координатор 2 - одговорен за споведување на Компонента 3 и делумно Компонента 1 (70% работен ангажман)

Искуство во подготовка на стратешки и плански документи од релевантна област.
3. Потребни документи за аплицирање:

Кандидатот треба да биде подготвен да го поткрепи со соодветна документација наведеното искуство во својата биографија.

Освен релевантното искуство наведено во критериумите , селектираните кандидати треба да ги поседуваат и следните компетенции: универзитетска диплома во соодветната област, целосно познавање на работата со компјутери, одлични способности за изразување (писмено и усно) првенствено на македонски, но исто така и на англиски јазик, солидни вештини за истражување и анализа, солидни вештини за преговарање, држење презентација и тренинг, соодветни вештини за менаџирање со луѓе, информации, време и ресурси, способност за работа со кратки рокови и висока комплексност, и над се посветеност и ентузијазам за промени во општеството кои ќе придонесат за подобар развој на сите делови во Македонија.

Со секој од кандидатите кои ке имаат комплетна документација ке се изврши Интервју за оценка на комуникациските и презентациските вештини,подготвеност и сл.,која ке биде соодветно оценувана. Некомплетните документации нема да бидат земени во предвид.


Доставување на извештаи

На секои 6 месеци финансискиот извештај со докази за сите трошоци поврзани со активностите финансирани во рамките на Проектот, ќе биде испратен од страна на Координаторите на компонентите до Амбасадата на Швајцарија/СДЦ и МЛС.

 

Аплицирање

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Адреса на достава на апликации: Архива на Министерството за локална самоуправа ул. Св.Кирил и Методиј бр.54,1000 Скопје, со назнака: "НЕ ОТВАРАЈ" и "За Јавен оглас ,, Проект Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој –

Број (1 или 2 на Работна позиција).

Последен рок за доставување апликации е 25-ти мај 2018 година, до 16.30 часот.