Владата на 45та седница, донесе повеќе одлуки и уредби за зајакнување на меките, на полесните мерки, или на дел од така наречените мерки на претпазливост комбинирани со одлуки за олабавување на некои од рестриктивните мерки.

На овој начин, ограничувањата ќе се намалат, внимателноста ќе се зголеми и се обезбедува здравјето на граѓаните да биде заштитено.

Да бидеме одговорни, да ги почитуваме мерките кои штитат од коронавируисот.

Почитувањето како и зајакнатата имплементација на меките, лесните мерки, ќе овозможи контрола на ширењето на вирусот и заштита на граѓаните од изложеност на заболени лица.

Меките мерки превидуваат зајакната индивидуална одговорност со цел заедничка борба за колективно здравје.

При секое излегување надвор, строго да се придржуваме до мерките за лична заштита, да носиме заштита за лицето односно носот и устата, маска, марама или шал, да држиме физичка дистанца од 2 метри и да не се групираме затоа што само така го штитиме сопственото и јавното здравје.

Новите зајакнати меки мерки служат и како влез во реорганизирање на економијата како и во социјалниот дел од нашето живеење. Тие водат кон стабилизација, и кон дефинирањето на новите околности во кои животот ќе продолжи.

Успеавме да го држиме ниско растот на заразени лица, и тоа се должи во голема мера на почитувањето на мерките од страна на граѓаните.

Ви благодариме, со тоа што издржавте, и останавте дома во клучниот период, вие станавте јунаците кои влијаевте врз успорениот пораст на новозаболените, односно на „исправање на кривата“ и во таа насока сега заедно сите треба да продолжиме кон имплеметацијата на меките мерки.

Секогаш држете 2 метри физичка дистанца, носете заштитни маски и не се групирајте. Останете дома ако не мора да излегувате.