Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска во својот кабинет го прими градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу, со кого разговараше за тековните активности во оваа општина, плановите за развој, решавањето на инфраструктурните проблеми и можностите за користење на националните фондови наменети за општините и средствата од Европската унија.

Министерот Фазлиу изјави дека е подготвен да ги поддржи иницијативите на општина Желино, притоа нагласувајќи од една страна ограничениот капацитет на Министерството за локална самоуправа и од друга страна бројните можности за користење на буџетските средства како и фондовите на ЕУ. Но, во овој случај тој ја нагласи потребата за професионална посветеност на општините и конкретни активности кои треба да ги користат преку квалитетни проекти со што ќе обезбедат финансиски средства со кои ќе се овозможи практична реализација на нивните цели. Министерот Фазлиу истакна дека во соработка со Министерството за транспорт и врски ќе има грантови од Светската банка за реконструкција и изградба на нови локални патишта која ќе биде уште една добра можност за општините.

Градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу ги наброи некои од приоритетните активности на општината за оваа година, потребата за решавање на инфраструктурните проблеми со кои се соочуваат жителите на оваа општина и деловните субјекти, особено на потребата за асфалтирање на улиците на повеќе населени места. Тој ја истакна можноста за аплицирање со проекти со што би се подобриле условите за живот на жителите на целата општина а воедно укажа и на реконструкцијата на две училишта во општина Желино со средства од Министерството за локална самоуправа. Претседателот Сејдиу исто така ја спомена и изградбата на Младинскиот културен центар за кој очекува финансиска поддршка од ИПА фондовите за прекугранична соработка.

На крајот на средбата, министерот Фазлиу рече дека Министерството за локална самоуправа е отворена за соработка и со сите свои можности и капацитети заеднички да се работи во интерес на граѓаните.