Бошњаците се рамноправна етничка заедница во Република Северна Македонија, кои силно придонесуваат за економскиот развој на нашата држава и се вистински мост на пријателство и соработка со Република Босна и Херцеговина и исклучително вреден сегмент во концептот „Едно општество за сите“, рече заменикот министер за локална самоуправа Зоран Димитровски на одбележувањето на Меѓународниот ден на Бошњаците во с. Горно Оризари, општина Велес.

Министерството за локална самоуправа останува посветено на развојот на руралните подрачја во Република Северна Македонија и во иднина ќе го поддржува економскиот, културниот инфраструктурниот развој на општините и селата каде што доминантното население се Бошњаци.

На свеченоста на која присуствуваа и гости од Босна и Херцеговина, се обрати претседателот на Владата, Зоран Заев.

Линк до соопштение од Влада
https://vlada.mk/node/22631