Заменикот министер Дејан Павлески на дебата во емисијата “Економски магазин“ на ТВ Алсат за долговите на општините, како да се надминат состојбите и за новите перспективи:

-Се планирале буџети многу поголеми од тоа што можела општината реално да обезбеди, се влегувало во инвестиции и обврски за кои градоначалникот знаел дека нема да може да ги исполни и на таков начин се трупале долгови. Владата прави се за да се создаде позитивен амбиент во државата. Ќе се обезбедат механизми ваквите состојби да не се повторат, зошто сето тоа оди на штета на граѓаните, секое нетранспарентно и незаконско работење е на штета на граѓаните. Со транспарентност и отчетност и спроведување на законите, до домаќинско работење во полза на граѓаните.

Емисијата во целост е на следниот линк:

Економски магазин; 21.03.2018