Претставници на управниот орган на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020,г-ѓа Ангелике Боузиани,раководителка на управниот орган , Александрос Самарас,раководител на Б1 единица, Жупан Мартиновски службеник  вклучен во Заедничкиот секретаријат во Солун,беа во посета на Министерството за локална самоуправа и остварија средба со министерот Сухејл Фазлиу.

Целта на посетата на управниот орган беше средба со министерот Фазлиу и релевантните претставници - одговорни на Министерството за локална самоуправа, за да се разговара за актуелната состојба на ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција 2014 -2020 и програмата за транснационална соработка на Балкан- Медитеран 2014-2020 година.

Поконкретно,на средбата  претставниците на управниот орган го запозна и го информираа министерот за избраните проекти од Првиот повик за предлог проекти во рамките на двете програми а каде се дискутираше за начините на финансирање на проектите и можностите за објавување на вториот оглас за предлог проекти во рамките на Програма за прекугранична соработка на ИПА со Грција 2014-2020.

Министерот Фазлиу им се заблагодари на претставниците на управните органи за соработката и поддршката на Министерството за локална самоуправа. Тој, исто така, изрази подготвеност за да биде поттик за продлабочување на соработката меѓу двете земји и им посака успешна имплементација на програмите.