Заменикот министер за локална самоуправа Дејан Павлески како член на владината делегација предводена од министерот за култура, по повод  Денот на независноста 8 Септември денеска положи свежо цвеќе пред спомен плочата на Конески и пред неговата биста, а во присуство на професори, лингвисти, писатели,  претставници на локалните самоуправи на Прилеп и на Долнени, како и директори на културни институции од Прилеп. 

Собирот го отвори претседателот на фондацијата за македонски јазик „Небрегово“, проф. Д-р Трајко Стаматоски. Тој рече дека е Конески великан на националната мисла на Македонија, образложувајќи дека зборот на Конески беше почитуван и за пошироки теми за опшетеството, не само за јазичните. Стаматоски како современик на Блаже Конески рече дека фондацијата „Небрегово“ е атипична зашто не е формирана со паричен влог, туку дека се базира на ентузијазам и вљубеност кон Конески и кон македонскиот јазик.