Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу беше во работна посета на Југоисточниот плански регион. На состанокот со раководителката Жулиета Ѓуркова, министерот се информираше за реализацијата на тековните проекти за развој на регионот, финансирани од буџетските програми за рамномерен регионален развој.

На состанокот министерот се интересираше за условите за оддржливо функционирање на Центарот. Исто така акцентот беше ставен на подготовките на проекти со кои што Центарот за развој ќе аплицира во наредната буџетска година. Беше истакната потребата од зголемување на обемот на средства со цел да можат да се имплементираат поголеми проекти кои што ќе имаат реално влијание на развојот на планскиот регион. Притоа од страна на раководителката за развој беше истакната потребата од поголемо ангажирање на општините во одржувањето на веќе реализираните инфраструктурни објекти. Главно станува збор за уредени јавни простори кои што заради несовесно однесување на посетители брзо се уништуваат, за што би требало да се преземат дополнителни мерки за нивно чување и одржување.