Министерот за локална самоуправа Сухејл  Фазлиу денеска се сретна со амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија, Нина Суомалаинен.

На оваа средба, која беше прва со амбасадорката  Суомалаинен , сe разговараше за улогата на Министерството за локална самоуправа во реализацијата на најавените реформи од страна на владата на Република Македонија, за процесот на децентрализацијата и рамномерниот регионален развој.  

Министерот за локална самоуправа Фазлиу високо ја оцени  соработката со Мисијата на ОБСЕ во Македонија и додаде дека главен приоритет ќе биде функционирањето на правната држава и борбата против корупцијата. Тој нагласи дека ние сме одлучни за тоа дека законите и Уставот треба да важат за сите подеднакво и дека единствениот пат на Македонија останува зачленувањето во НАТО и Европската Унија.

Амбасадорката Суомалаинен  истакна дека ќе продолжи да ја поддржува реализација на проектите кои се однесуваат за продлабочувањето на демократските процеси во Македонија истакнувајќи  ги проектите за  обучување на општинските совети,  со цел избраните општински советници на професионален начин да ги артикулираат интересите на сите граѓани. Таа се интересираше за процесот  на  децентрализацијата на власта, за финансирањето на институциите на локално ниво, за начинот на финансирање на образовниот систем, за што изрази подготвеност за помош и соработка  во иднина.

Министерот Фазлиу му се заблагодари за посетата на амбасадорката Суомалаинен и изрази подготвеност и надеж  за плодна соработка во иднина.

 

                                                                                    Министерство за локална самоуправа