Новиот министер за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу денеска ја презеде функцијата од својата претходничка, досегашната министерка Ширет Елези.

На средбата, Елези на министерот Фазлиу му посака многу успех во извршувањето на функцијата.               

Министерот Фазлиу изјави дека Министерството за локална самоуправа во наредниот период со изразена динамика ќе работи на имплементирање на владините политики во оваа свера, пред се на рамномерниот развој на општините и на регионите, затоа што приоритет на оваа Влада е интегрирано општество и квалитетен живот за сите граѓани без поделби по ниту една основа.

Министерот Фазлиу нагласи дека ќе работи на развојот на локалната демократија, како главен предуслов за вклучување на сите граѓани во креирањето на одлуките на локално ниво и градење на чувство на еднаквост и заеднички пристап во решавање на сите значајни прашања