Потпишување на договорите за кофинансирање на одобрените проекти од Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Грција
Посети : 406

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, утре, 21.09.2018 година, ќе ги потпише договорите за кофинансирање на одобрените проекти од Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Грција.

Проектите се финансираат од ИПА инструментот на Европската Унија, а средствата за национално кофинансирање ги обезбедува Министерството за локална самоуправа, од буџетот на државата.

Настанот ќе се одржи во Владата на Република Македонија (Свечена сала), во 12.00 часот.

Се покануваат медиумите да го проследат настанот.

Локација Влада на РМ