Најава за медиумите
Посети : 877

Министерството за локална самоуправа утре, 05.04.2018 година, во 10.00 часот во хотел Арка, започнува широк

консултативен процес на измените и дополнувањата на Програмата за оддржлив локален развој и децентрализација

2015-2020 година и на новиот Акциски план за спроведување на Програмата за периодот 2018-2020.

Настанот ќе го отворат министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и претставникот на УНДП, Харолд Шенкер.

Изјави за медиумите пред почетокот на настанот, во 9.45 часот.

Се поканува вашиот медиум да го проследи настанот.

Во процесот на консултација како учесници се поканети претставници од сите надлежни министерства и институции кои што спроведуваат политики кои што имаат влијание на децентрализацијата и на локалниот развој, претставници на ЗЕЛС, како и претставници од

граѓанскиот и од бизнис секторот.

Локација Хотел Арка, Скопје