Министерот Сухејл ќе учествува на форумот организиран во соработка со Мировниот корпус Македонија
Посети : 1267

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу утре, 14.03.2018 година, ќе учествува на форумот што Министерството за локална самоуправа го организира заедно со Мировниот корпус Македонија.

 

На Форумот, во присуство на градоначалниците и други претставници од општините, ќе говорат амбасадорот на САД Џес Бејли, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, директорот на Мировен корпус Марк Ханафин, како и волонтери на Мировниот корпус.

На Форумот ќе бидат презентирани искуства на волонтери од САД кои што престојуваат во повеќе општини во Република Македонија и се ангажирани во локалните заедници преку нивна работа во училишта, невладини организации, социјални установи.

Настанот ќе се одржи во Сити Хол во Скопје, со почеток во 12.00 часот.

Се покануваат медиумите да го проследат настанот.

Локација Сити Хол, Скопје