На 06.12.2018 година во општина Конче се одржа Oсмата седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

Присутни на оваа седница беа директорот на Бирото за рамномерен развој Г-н Рамиз Реџепи, државниот секретар во Министерството за локална самоуправа Г-н Кирил Парталов, претставници од БРР, Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион Г-а Жулиета Ѓуркова и градоначалниците на сите 10 општини од регионот.

На оваа седница, Советот за развој на Југоисточниот плански регион ја усвои Годишна листа на предлог проекти за 2019 година:

1. Подобрување на туристичката понуда во Југоисточниот плански регион преку изградба на патна инфраструктура во Сончевата Езерска населба Мантово;

2. Туристичка патека од природата до културата на планината Плавуш;

3. Хортикултурно и партерно уредување на дел од езерското крајбрежје и формирање на езерска плажа во Дојран;

4. Ревитализација на патот Богородица - Стојаково, крстосница со регионалниот пат Гевгелија - Богданци II фаза;

5. Помалку отпад за поквалитетен живот;

6. Уредување на дел од индустриските зони во ЈИПР, услов за зголемен економски развој;

Согласно утврдената листа, Центарот развој на Југоисточниот плански регион ќе аплицира до Бирото за регионален развој за нивно финансирање преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година.