Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска во Тетово се сретна со градоначалничката разговараа за теми поврзани со продлабочување на соработката , за проектите кои се во тек кои се реализираат од страна на општина Тетово, за рамномерениот на оваа општина, г-ѓа Теута Арифи. На оваа средба двајцата соговорници регионален развој за прашањето кое го преокупира целиот полошки регион а тоа е регионалната Министерот депонија "Русино".

Министерот Фазлиу ја информираше градоначалничката Арифи со владините заложби за развој на општините и помалку развиените региони и можностите за користење на ИПА фондовите на ЕУ за прекугранична соработка. Во оваа прилика, тој ја истакна потребата за конкурирање на општините со квалитетни проекти од регионален интерес, кои ќе имаат долгорочни ефекти и ќе го подобрат животот на граѓаните во пограничните области.

Посебен акцент на оваа средба беше ставен на решавањето на проблемот со депонијата во месноста "Русино" во периферијата на Гостивар. Решавање на проблемот сега е на повидок , така што Центарот за развој на Полошкиот регион во соработка со Амбасадата на Швајцарија, на почетокот на септември се очекува да започне со реализација на овој проект кој долго време ги преокупираше општините Гостивар и Тетово.

Исто така, се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Министерството за локална самоуправа и општините со единствена цел создавање на подобри услови за граѓаните и унифицирани јавни услуги , без оглед на тоа каде живеат во руралните или урбаните средини.