Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу присуствуваше на отпочнувањето на градежните работи на новиот граничен премин помеѓу Република Македонија и Република Косово, Белановце- Станчиќ.

 Проектот за отварање на нов граничен премин и изградба на заедничка зграда за граничните служби на двете земји е приоритет во рамки на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово управувана од страна на Министерството за локална самоуправа од македонска, и Министерството за локална администрација од косовска страна.

Вкупната сума на проектот изнесува 1.2 милиони евра обезбедени од страна на Европската унија.

Министерството за локална самоуправа на Република Македонија ги обезбедува средствата потребни за кофинансирање на проектот, во вредност од 104 илјади евра.

На настанот присуствуваа и двајцата потпретседатели на Владите на Република Македонија и на Република Косово задолжени за европски прашања, амбасадорите на Европската Унија во двете земји, министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и министрите за внатрешни работи од двете земји.

Целосната изградба на граничниот премин и неговото пуштање во употреба се планирани за крајoт на 2018 година.