Средба на министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу со постојаната претставник на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон: Министерството за локална самоуправа го цени интересот на УНДП за продолжување на соработката

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу оствари средба со постојаната претставничка на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон.

На средбата, г-ѓа Винтон го искажа интересот на УНДП за продолжување на соработката со Министерството за локална самоуправа во напредувањето на реформата на системот на локалната самоуправа и процесот на децентрализација, како и во зајакнувањето на капацитетите на Министерството во обезбедувањето на координативната улога на хоризонтално и на вертикално ниво.

Министерот Фазлиу истакна дека го цени интересот на УНДП за продолжување на соработката. УНДП се постојани партнери на Министерството во спроведувањето на процесот на децентрализација, од самиот почеток и разбирливо е предизвиците во таа област да продолжиме да ги решаваме во соработка, рече министерот Фазлиу.

На состанокот се разговарашен и за имплементацијата на актуелните два проекти преку кои што Министерството за локална самоуправа во соработка со УНДП работи на зајакнување на капацитетите на општините за подобрување на испораката на локалните услуги, како и на подобрување на системот на локалната самоуправа, преку воспоставување на систем за следење на функционалноста на општините.