Денеска во Скопје се одржа првиот информативен ден за околу 50 грантисти од Република Македонија од Програмата Балкан Медитеран, финансирана од Европската Унија.

Настанот го отвори државниот секретар во Министерството, Кирил Парталов.

-Вашето присуство претставува доказ дека партнерствата помеѓу петте земји учеснички во транснационалната програма Балкан Медитеран 2014- 2020 се функционални, и активностите кои произлегуваат од ваквите партнерства навистина придонесуваат во постигнувањето на двете цели на програмата, јакнење на претприемништвото и иновациите и подобрување на условите и заштита на животната средина., рече државниот секретар Парталов.

Тој истакна дека Министерството за локална самоуправа, како надлежна институција,  ќе се вложи во  реализацијата на Програмата, што подразбира и обука за  техниките и правилата за правилно спроведување на проектите.

-Убеден сум дека експертите во оваа област од Управувачкото тело и од Националното  тело ќе успеат да ги разјаснат сите дилеми кои сеуште ги имате по однос на правилата за спроведување на проектот, како и да го споделите вашето драгоцено искуство со нив и со овде присутните грантисти, рече државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Кирил Парталов.