Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу денеска оствари средба со делегација од Министерството за територијална администрација и развој на Ерменија.

Ерменската делегација е заинтересирана за македонскиот модел на рамномерен регионален развој, поради, како што беше речено сличните карактеристики на двете земји.

Министерот Фазлиу истакна дека новата Влада за приоритети ги има поголемото финансиско осамостојување на општините и интегрирано планирање на рамномерниот регионален развој, со вклучување на капиталните дотации и зголемување на обемот на средства кои што ќе бидат насочени кон планските региони.

-Регионалната политика е еден од основните инструменти и за воедначување на развојот на земјите од Европската Унија. Од таму исклучително е важно и на национално ниво да се спроведуваат политики кои што се компатибилни со Европските и преку кои можат да се обезбедат средства од предпристапните фондови на Унијата, рече министерот Фазлиу.