Дигитализацијата на локалните услуги е неодминлив процес кој што ќе се имплементира преку сет на активности кои веќе се дефинирани во нацрт Акцискиот план за спроведување на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација, за периодот 2024-2026 година.
 
Ова беше констатирано на состанокот на механизмот за координација на политики во областа на локалната самоуправа, воспоставен од Делегацијата на ЕУ и СЕП, на кој учествуваа претставници од надлежните институции и од донаторската заедница.
 
На состанокот беше нагласено дека активностите се веќе започнати во рамките на неколку проекти што Министерството за локална самоуправа веќе ги спроведува со УНДП, а во наредниот период се планира посистемски приод во дигитализацијата на внатрешните процеси и услуги во управувањето со јавните финансии и локалните даноци и такси.
Целта е во наредните три години да се создадат услови за опфат на сите општини, за пристап на граѓаните до стандардизирани  Е-услуги на локално ниво преку единствениот портал за Е-услуги, како и зголемување на транспарентноста и отчетноста преку користење на е-алатки кои што овозможуваат по инклузивен пристап и го поттикнуваат граѓанското учество. 
 
На состанокот беше презентиран нацрт Акцискиот план, со акцент на  активностите за дигитализација на локално ниво, како и можностите за обезбедување на поддршка од донаторската заедница за нивно спроведување.

14 единици на локалната самоуправа во Пелагонискиот и Југозападниот плански регион успешно ги развија и ги донесоа своите локални акциски планови за управување со отпад (ЛАП), чекор напред кон промовирање на Интегрираниот регионален систем за управување со отпад во земјата. Овие планови, развиени од општините и технички поддржани од САЛАР Интернешенал (SALAR International) со финансиска поддршка од Сида, укажуваат на колективната посветеност за подобрување на практиките за управување со отпадот во Северна Македонија.

 

Со оглед на тоа што управувањето со отпад е одговорност на единиците на локалната самоуправа во земјата, ЛАП-овите претставуваат напори за обезбедување рамномерен, инклузивен, одржлив и зелен развој на локално ниво. Тие даваат приоритет на активности како што се обезбедување услуги за отпад на што е можно повеќе корисници, воведување систем за селекција на отпадот и собирање на одделни текови отпад, како и намалување на количината отпад што завршува на депониите, со што се придонесува за постигнување на националните цели за повторна употреба, рециклирање, преработка и превенција. Покрај тоа, тие се фокусираат на подигање на свеста во заедниците за одржливите практики за управување со отпадот.

Министерството за локална самоуправа (МЛС), во партнерство со проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво во Северна Македонија“, продолжува да работи со локалните власти во овој плански регион за промовирање на напорите за подобрување на практиките за планирање за управување со отпадот во општините и зајакнување на нивните капацитети за испорака на висококвалитетни услуги за сите граѓани, без оглед на нивното место на живеење.

Локалните акциски планови развиени до сега се достапни на следните линкови:

Општина Битола        

Општина Новаци

Општина Прилеп

Општина Охрид

Општина Кичево

Општина Могила

Општина Пласница

Општина Демир Хисар 

Општина Долнени

Општина Ресен

Општина Дебрца

Општина Вевчани

Општина Крушево

Општина Кривогаштани

 

На 11 март 2024 година, во соработка помеѓу Националниот орган - Министерството за локална самоуправа и Заедничкиот секретаријат на програмата Interreg VI-A ИПА Бугарија-Северна Македонија, успешно беше организирана обука за бенефициентите на стратешкиот проект „Изградба на нов граничен премин Берово - Струмјани („Клепало“) помеѓу Бугарија и Северна Македонија“.
 
Во текот на обуката, учесниците имаа можност да се запознаат со различни аспекти од спроведувањето на проектот. Темите беа разнообразни, вклучувајќи техничка имплементација, известување, мониторинг, измена на договорот, финансиско управување, јавни набавки, како и идентификување на вообичаени грешки, неправилности и измами. Понатаму, нашите учесници беа запознаени со работата во системот JeMS, како и со процесот на верификација, информации и видливост.
Специјална благодарност до претставниците на македонскиот бенефициент, Царинската управа, кои имаа активна улога во обуката и допринесуваат за успешна реализација на проектот.
 
Оваа обука е значаен чекор во имплементацијата на проектот, што без сомнение ќе придонесе за успешната изградба и рехабилитација на граничниот премин „Клепало“, како и за подобрување на соработката меѓу Бугарија и Северна Македонија.
 

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска во Кавадарци имаше работен состанок со градоначалниците од Вардарскиот плански регион. Со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев и со градоначалниците на општините од регионот се разговараше за начинот на функционирање и одржливоста на регионалниот стационар за згрижување на бездомни животни во Вардарскиот плански регион, изграден со финансиски средства од Министерството за локална самоуправа и донаторска поддршка од швајцарската Влада.

-Вредноста на проектот е 21 милион денари и со изградбата на стационарот во Вардарскиот плански регион се решава овој акутен проблем за 150 илјади граѓани во 9 општини од планскиот регион, затоа е важно општините да соработуваат и да обезбедат негова одржливост, преку заедничко финансирање на неговите функции, беше истакнато на состанокот.

На состанокот се разговараше и за други прашања поврзани со функционалноста на локалната самоуправа, како и за реализацијата на проектите финансирани од буџетската програма за рамномерен регионален развој.

Беше истакната важноста од соработка меѓу општините, но и соработката меѓу централната и локалните власти заради подготовка и финансирање на проекти кои што ќе го подобруваат квалитетот на живеење во општините и ќе создаваат услови за развој.  Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој со средства од буџетот на државата во 2023 година финансираа 135 проекти за развој на планските региони, на општините, на селата и на специфичните подрачја, а се кофинансирани и 192 проекти во општините, финансирани од ИПА инструментот за прекугранична соработка, во вториот програмски период.

-Важна е соработката меѓу општините заради подготовка на поголеми, издржани проекти кои што покрај буџетските средства ќе можат да користат и средства од ИПА инструментот на Европската Унија и други донатори како што е Светска Банка и кои што ќе имаат поголемо влијание на квалитетот на живеење и на развојот на регионот, но исто така ќе гарантираат и одржливост на она што веќе е направено, беше речено на состанокот.

 

Денеска на работната средба за Годишниот оперативен план за 2024 година, на проектот: „Одржлив и инклузивен регионален развој - Фаза 2“ поддржан од Швајцарската влада, активно учество имаше министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, потенцирајќи силна посветеност кон поддршка на проекти кои целат кон остварување на одржлив и балансиран регионален развој.

Овој проект е клучен за поттикнување на раст и развој во сите региони, со особен акцент на инклузивност и еднаквост. Заложбата за остварување на овие цели е од суштинско значење за создавање на подобра иднина за сите граѓани. 


Преку оваа средба, потврдивме дека сите заедно, со визија и активна соработка меѓу сите сектори на општеството, можеме да изградиме посилни и поодржливи општини.