Министерството за локална самоуправа на Република Македонија односно Оперативната Структура, ја води ИПА програмата за прекуграничната соработка помеѓу Република Македонија - Грција 2007-2013. Ова програма се реализира од страна на Заедничиот технички секретаријат (ЗТС), основан во Солун, како и преку ,,Антена канцеларијата,, во Битола.

Ова прекугранична соработка продолжува и во нарендата Програмска рамка 2014-2020 година.

За  таа цел, Ве покануваме да доставите ваша понуда за изнајмување на канцелариски простор за Антена службата во централно подрачје на градот Битола која ке ги задоволи Европските стандарди за видливост, енергетса економичност и лесен пристап и по можност со сопствено паркиг место.

Воедно просторијата треба да е безбедна и во во добра состојба и да овозможува пристап на луѓе и опрема како и да поседува приклучоци за телефон, компјутер, интернет како и санитарен чвор.

 

  1. Понудата треба да содржи:

а).           Цена во МК Денари и во Евра без ДДВ

б).           Адреса , местоположба на просторот кој е предмет за изнајмување

Напомена: Проекти финансирани од Европска Унија се ослободени од сите давачки и даноци, вклучувајќи го ДДВ. Поради тоа, понудената цена која вклучува ДДВ нема да се смета за подобна.

По  нашето известување за изборот на најповолна понуда и пред постапката за доделување на Договор, понудувачот ке треба да приложи:

ц).       Имотен лист со кое се докажува сопственоста

д).       Изјава (Нотарски заверена) дека просторот за изнајмување не е под хипотека и истата не се води под некаква судска постапка

 

2.    Начин на поднесување на понуда

Вашата понудата  согласно објаснувањето погоре под точка 1 а). и б). во затворен плик/писмо го испратите најдоцна до среда, 19 Ноември, 2014 год. во 12:00 часот на адреса:

               Министертво за локална самоуправа

               Оперативна Структура

‘’Техничка помош за спроведување на ИПА програмата за прекуграничната соработка помеѓу Република Македонија - Грција’’

               Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

               1000 Скопје, Македонија

 

Понуда пратена на било кој друг начин нема да биде разгледана.

Секаква дополнителна документација (слики, мапи, брошура итн) испратена со понудата нема да бидат земени во предвид.