Јавен оглас

за изнајмување канцелариски простор за Антена службата во Битола

Министерството за локална самоуправа на Република Македонија е одговорно национално тело кое ја спроведува ИНТЕРЕГ ИПА програмата за прекуграничната соработка помеѓу Република Македонија - Грција 2014-2020. Ова програма се спроведува под поделено управување (shared management), во согласност со член 59 од Финансиска Регулатива Бр.966/2012 и член 36 од ЕУ Регулатива Бр. 447/2014.

Програмата ќе се реализира во наредниот седумгодишен период од земјите учеснички, кои го спроведуваат преку управувачките органи на прекуграничната програмата за соработка.

За  таа цел, Ве покануваме да доставите ваша понуда за изнајмување на канцелариски простор за воспоставување на канцеларија за врски т.н. Антена служба на Интерег ИПА прекугранична програма за соработка меѓу Грција – Република Македонија 2014-2020, со постојана локација во градот Битола.

Услови кои треба да ги задоволува просторијата на Антена службата се:

  1. Треба да е лоцирано во централно подрачје на градот Битола
  2. Треба да е со површина од мин. 27 м2 (без вклучена површина на санитарниот чвор)
  3. Да ги задоволува Европските стандарди за видливост, енергетска економичност и лесен пристап и (по можност но не неопходно) со сопствен паркиг простор.
  4. Треба да е во објект од тврда градба со постојан и функционален санитарен чвор врзан во системот на градот и да има добра термо и звучна изолација.
  5. Безбедна и во во добра состојба и да овозможува пристап на луѓе и опрема
  6. Да поседува приклучоци за телефон, за компјутер, за интернет, грејни/разладни тела како и инсталирано мала кујна со мини бар/фрижидер.

Понудата треба да содржи:

           а).           Цена во МК Денари и во Евра без ДДВ

           б).           Адреса , местоположба на просторот кој е предмет за изнајмување

Напомена: Проекти кои се финансирани од Европска Унија се ослободени од сите давачки и даноци, вклучувајќи го ДДВ. Поради тоа, понудената цена која вклучува ДДВ нема да се смета за подобна.

По  нашето известување за изборот на најповолна понуда и пред постапката за доделување на Договор, понудувачот ќе треба да приложи:

            ц).       Имотен лист со кое се докажува сопственоста

            д).       Изјава (Нотарски заверена) дека просторот за изнајмување не е под хипотека и истата не се води под некаква судска постапка

Начин на поднесување на понуда

Вашата понудата  согласно условите погоре под точка  а). и б). Треба да ја пратите во затворен плик/писмо го испратите најдоцна до Понеделник, 27 Mарт, 2017 год. во 12:00 часот на адреса:

               Министерство за локална самоуправа

                Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

               1000 Скопје, Македонија

                За: Арсим Фидани

                ‘’Техничка помош за спроведување на ИНТЕРЕГ ИПА програмата за прекуграничната соработка помеѓу Република Македонија – Грција 2014-2020’’

Понуда пратена на било кој друг начин нема да биде разгледана.

Секаква дополнителна документација (слики, мапи, брошура итн) испратена со понудата нема да бидат земени во предвид.