Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Перински во Општина Неготино: Рамномерниот развој за нас е императив

Перински во Општина Неготино: Рамномерниот развој за нас е императив

Денеска, во рамки на теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, ја посетија Општина Неготино и означија почеток на реализација на два инфраструктурни проекти, одобрени од првиот јавен повик за финансиска поддршка на инфраструктурни општински проекти со средства од државниот буџет.

Во Урбан блок 5 ќе се изгради нова водоводна, фекална и атмосферска канализација, ќе се постави улично осветлување, ќе се доизградат улиците, а на тротоарите на ул. „Маршал Тито“, на потегот од Либерта до полиција, ќе се постават нови бекатон коцки, ивичници, а просторот ќе се разубави со магнолии.

„Денеска сме во посета на Општина Неготино како дел од иницијативата „Каде што срцето е дома“, со која ја потврдуваме нашата посветеност за соработка и поддршка на сите локални заедници и нивниот развој, во интерес на граѓаните. Ми претставува огромно задоволство што проектите кои ги реализираме од првиот јавен повик веќе го гледаат светлото на денот. Денеска отпочнати се градежни активности на два од трите проекти со коишто Општина Неготино аплицираше на првиот јавен повик. Би сакал да се заблагодарам на проактивноста на градоначалникот и се надевам дека со истото темпо ќе продолжи да аплицира за проекти коишто се од интерес на граѓаните и на вториот јавен повик којшто е во тек. Ова е доказ дека за оваа Влада предводена од премиерот Мицкоски, не постојат заборавени места. Рамномерниот развој за нас е императив, затоа што со него гарантираме економска и социјална стабилност на земјата и секако со тоа го зголемуваме квалитетот на живот на сите граѓани“, изјави министерот Перински.

Мени за пристапност