Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Перински: 17 Општини не аплицирале на вториот повик, рокот истекува на 30 април

 Перински: 17 Општини не аплицирале на вториот повик, рокот истекува на 30 април

Почитувани,

Пред сѐ, сакам да истакнам дека како Влада сме задоволни од процесот на вториот повик, интересот на општините и фактичката состојба на терен која влева надеж дека системската стратегија на Владата покажува дека се работи за подобрување на условите за живот на сите граѓани во целата земја.
На денешната прес конференција сакам да ја информирам јавноста за текот на апликативниот процес за финансирање на локалните самоуправи од програмата на Владата.
Во текот на вчерашниот ден се одржа состанок на Координативното тело за следење и координација на проектите финансирани од Владата наменети за локалната самоуправа на кое е утврдена следната фактичка состојба.
Заклучно со 23.04.2025 година во архивата на Министерството за локална самоуправа доставени се вкупно 450 апликативни формулари од 63 општини.
Од нив, 36 општини аплицирале со проекти во вредност од максимумот на финансиски средства кои им следуваат согласно формулата по глава на жител, 27 општини имаат можност да аплицираат со уште проекти до максимум предвидената сума, а 17 општини воопшто немаат поднесено апликативни формулари.

Да појаснам, 27 општини поднеле апликации, но имаат простор за достава на уште апликации, со оглед на предвидената максимална сум по критериумот, по глава на жител.

Општини кои воопшто не аплицирале заклучно со вчерашниот датум се 17 на број и тоа:

• САРАЈ
• ЦЕНТАР
• ЧАИР
• ШУТО ОРИЗАРИ
• ЛИПКОВО
• ПРОБИШТИП
• ВАЛАНДОВО
• РОСОМАН
• БОГОВИЊЕ
• ВРАПЧИШТЕ
• МАВРОВО РОСТУШЕ
• ТЕАРЦЕ
• ДЕБАР
• СТРУГА
• БИТОЛА
• КРУШЕВО
• ДОЛНЕНИ

Како Влада сакаме да апелираме уште еднаш до сите локални самоуправи да ја искористат оваа можност и да го запазат законски предвидениот рок за пријавување кој согласно одлуката на Владата е 30.04.2025 година.
На крајот, сакам да нагласам дека оваа програма претставува клучен чекор во трансформацијата на локалните самоуправи и целокупниот развој на земјата.
Владата со конкретни мерки и дела покажува дека е безрезервен партнер на сите општини, со силна посветеност за остварување на овие цели. Со заедничка и координирана работа, можеме да изградиме понапредна инфраструктура што ќе создаде и подобрени услови за живот од повеќе аспекти.
Исходот од првиот повик веќе јасно потврдува дека нашите намери се реални и дека оваа програма не е само теорија, туку и практичен механизам за промените што веќе се случуваат на терен.
Затоа, ги повикувам сите општини да ја искористат оваа значајна можност, бидејќи заедно, како партнери, можеме да создадеме подолгорочни и одржливи решенија за иднината на нашите граѓани.

 

Мени за пристапност