Министерството за локална самоуправа во соработка со Министерството за дигитална трансформација и Амбасадата на Швајцарија, преку УНДП во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“ објавува јавен повик за пријавување на заинтересирани општини за дигитализација на е-услуги на општинско ниво.
Целта на оваа активност е да се идентификуваат и оценат постојните ИТ и човечки ресурси во областа на дигитализацијата на сите општини во државата.
Дополнително, до крајот на 2026 година, Владата има намера, преку фазен пристап и согласно расположливите финансиски ресурси за оваа стратешка определба, да ги поддржи сите општини во земјата во нивните напори за дигитална трансформација.
Во продолжение, линкот до објавениот повик: