Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Прибирање на понуди за изнајмување на деловен простор во Струга - ИПА III Програма за прекугранична соработка С. Македонија-Албанија

Институција која огласува: Министерство за локална самоуправа во соработка со Република Албанија

Рок на пријавување: 19/06/2025

Република Северна Македонија - Министерство за локална самоуправа, во соработка со Република Албанија - Државна агенција за стратешко програмирање и координација на помош, во рамките на активностите за имплементирање на ИПА III Програма за прекугранична соработка Северна Македонија-Албанија 2021-2027, поддржани од договорот за грант потпишан со ЕУ „Техничка помош за програмaта за прекугранична соработка Северна Македонија-Албанија во рамките на финансиска алокација за 2023 година, бр. 2025/483-678, објавуваат:

Јавен оглас

за прибирање на понуди за изнајмување на деловен простор во Струга за потребите на Заедничкиот технички секретаријат во рамките на ИПА III Програма за прекугранична соработка Северна Македонија-Албанија 2021-2027, поддржано од договорот за грант потпишан со ЕУ „Техничка помош за програмaта за прекугранична соработка Северна Македонија-Албанија во рамките на финансиска алокација за 2023 година, бр. 2025/483-678.

Просторијата наменета за канцеларија за „Заеднички технички секретаријат во Струга“, треба да ги исполнува следните услови:

  • Да е лоцирана во централно подрачје на градот Струга;
  • Да има услови за сместување веднаш;
  • Да биде со површина од 35-50 м2 (со вклучена површина на санитарниот чвор), со добра термо и звучна изолација;
  • Да ги задоволува Европските стандарди за видливост, енергетска економичност и лесен пристап и (по можност но не неопходно) со паркинг простор;
  • Да поседува приклучоци за телефон, интернет, струја и вода;
  • Да поседува грејни/разладни тела како и инсталирана мала кујна со мини бар/фрижидер;
  • Да има функционален тоалет;

Понудата треба да содржи:

  • Цена за закупот да биде изразена во МК Денари и во Евра без ДДВ. Доколку понудата се доставува од физичко лице цената да се достави во бруто износ од кој ќе се плаќа и данок на приход од закуп
  • Адреса, местоположба на просторот кој е предмет за изнајмување;
  • Имотен лист со кој се докажува сопственоста на просторот за изнајмување;
  • Изјава (Нотарски заверена) дека просторот за изнајмување не е под хипотека и дека за истиот не се води некаква судска постапка;
  • Лична карта на сопственик на просторот за изнајмување;

Напомена: Проекти кои се финансирани од Европска Унија се ослободени од пресметување / плаќње на ДДВ. Поради тоа, понудената цена да се достави без пресметан ДДВ.

Начин на поднесување на понуда

Соглсасно погоре опишаните услови  понудата да биде испратена во затворен плик/коверт во рок од 7 дена од денот на објавувањето на огласот, односно не подоцна од 19.06.2025. Само апликациите кои ќе бидат испратени во предвидениот рок за поднесување на понуди ќе се сметаат за подобни за разгледување.   

Документите треба да се достават преку архивата на Министерството за локална самоуправа на следната адреса:

Министерство за локална самоуправа на Република Северна Македонија

ул. Св. „Кирил и Методиј“ бр. 54

1000 Скопје, Северна Македонија

За: Соња Јованоска; Понуда за изнајмување на деловен простор под закуп во Струга за потребите на заедничкиот технички секретаријат во рамките на ИПА III Програма за прекугранична соработка Северна Македонија-Албанија за 2021-2027 година „Техничка помош за програмaта за прекугранична соработка Северна Македонија-Албанија во рамките на финансиска алокација за 2023 година сo број 2025/483-678, и

преку електронска пошта (e-mail): sonja.jovanoska@mls.gov.mk

Мени за пристапност