Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Изнајмување канцелариски простор за Заеднички Технички Секретариат на ИПА ПГС МК-АЛ 2021-2027 во Струга

Институција која огласува: Министерство за локална самоуправа

Рок на пријавување: 27/03/2025

Република Северна Македонија – Министерство за локална самоуправа во соработка со Република Албанија - Државна агенција за стратешко програмирање и координација на помош (SASPAC), во рамки на активностите за имплементирање на ИПА III  Програма за прекугранична соработка Северна Македонија - Албанија 2021-2027:

 

Министерство за локална самоуправа објавува

 

Јавен оглас

 

за изнајмување канцелариски простор за Заеднички Технички Секретариат на ИПА ПГС МК-АЛ 2021-2027 во Струга

 

Услови кои треба да ги задоволува просторијата на Антена службата се:

  1. Треба да е лоцирано во централно подрачје на градот во Струга
  2. Треба да има услови за сместување веднаш
  3. Треба да е со површина од 50-80 м2 (со вклучена површина на санитарниот чвор), со добра термо и звучна изолација
  4. Да ги задоволува Европските стандарди за видливост, енергетска економичност и лесен пристап и (по можност но не неопходно) со паркиг простор
  5. Да поседува приклучоци за телефон, интернет, струја и вода
  6. Да поседува грејни/разладни тела како и инсталирано мала кујна со мини бар/фрижидер.
  7. Да има функционален тоалет

 

Понудата треба да содржи:

  1. Цена во МК Денари и во Евра без ДДВ. Доколку понудата се доставува од физичко лице цената да се достави во бруто износ од кој ќе се плати и данок за доход од закуп.
  2. Адреса, местоположба на просторот кој е предмет за изнајмување
  3. Имотен лист со кое се докажува сопственоста
  4. Изјава (Нотарски заверена) дека просторот за изнајмување не е под хипотека и истата не се води под некаква судска постапка
  5. Лична карта на сопственик

 

Напомена: Проекти кои се финансирани од Европска Унија се ослободени од ДДВ. Поради тоа, понудената цена да се достави без пресметан ДДВ.

 

Начин на поднесување на понудa

Вашата понудата  согласно условите погоре Треба да ја пратите во затворен плик/писмо го испратите во рок од 15 дена од денот на објавување заклучно со 27.03.2025 година. Само апликациите кои се пратени навреме се подобни за разгледување.   

Документите треба да се достават по пошта или во архивата на Министерството за локална самоуправа на следната адреса:

Министерство за локална самоуправа

Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Северна Македонија

 

За: Соња Јованоска; Понуда за изнајмување канцелариски простор за Заеднички Технички Секретаријат во Струга.

 

За дополнителни информации: +  389 02 3253 951

Мени за пристапност