Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Отворен повик за Мрежи за пренесување на добри практики -Интерег УРБАКТ IV програма

Почитувани,

 

Министерството за европски прашања известува дека во тек е отворен повик за поднесување на предлог-проекти во рамки на Мрежите за пренесување на добри практики преку Интерег УРБАКТ IV програмата.

 

Повикот за Мрежи за пренесување на добри практики е отворен од 1 април до 30 јуни 2025 год. Истиот има за цел да воспостави партнерства помеѓу градови со интерес да вметнат во своето локално управување една од 116-те УРБАКТ добри практики. За 116-те УРБАКТ добри практики за 2024 год. може да се дознае повеќе тука.

 

Градовите од 27-те земји-членки на Европската унија, земјите-партнери (Норвешка, Швајцарија), градовите од ИПА земјите (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија), како и од Украина и Молдавија, се поканети да аплицираат за овој повик за Мрежи за пренесување на добри практики.

 

Секретаријатот на Интерег УРБАКТ IV програмата организира онлајн информативни сесии, отворени за сите заинтересирани страни, на кои може да се регистрира преку следните линкови:

 

23 април, 2025

 

Презентација на повикот и како да се изгради силно партнерство

 

РЕГИСТРАЦИЈА

 

 

22 мај, 2025

 

Размена и учење за време на патувањето низ мрежата

 

РЕГИСТРАЦИЈА

 

 

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ПОВИКОТ!

 

 

 

 

 

     
Natalija Filipovska

Unit for Bilateral and Multilateral Assistance

 
Cell: +389 (0) 70 409 528  
   
www.mep.gov.mk

 

Мени за пристапност