Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Информативна кампања за апликанти во рамките на повикот за предлози за проекти за мали и средни претпријатија

Информативна Кампања за Апликантите под Повикот за Проекти за МСП
Интеррег VI-A ИПА Програма Бугарија – Северна Македонија 2021 - 2027

 

Заедничкиот секретаријат на Интеррег VI-A ИПА Програмата Бугарија – Северна Македонија 2021 - 2027 ќе спроведе информативна кампања за апликантите под Отворениот повик за предлог проекти за мали и средни претпријатија (МСП) под Приоритет 3 - Интегриран развој на пограничниот регион, со специфична цел (СЦ) 1: „Зголемување на конкурентноста на локалната економија и подобрување на деловното опкружување“.

Целта на повикот е да се поттикнат инвестиции во иновативни решенија, подобрување на производните процеси, зголемена енергетска ефикасност и развој на кружната економија. Исто така, ќе се стимулира интернационализацијата на бизнисите преку маркетинг стратегии и пристап до нови пазари.
Износот на грантовите по проект се движи од 300.000 до 600.000 евра, додека за индивидуални претпријатија, износот е од 100.000 до 300.000 евра.

Програмата на информативната кампања вклучува следниве настани:

📍 Информативен ден – 25 јуни 2025, 13:00 часот (CET), Штип, Хотел Оаза Штип
➡️ За да го потврдите вашето учество во Штип, ве молиме пополнете го формуларот за регистрација  ОВДЕ

📍 Информативен ден & Форум за партнерства – 27 јуни 2025, 13:00 часот (EET), Благоевград, Општина Благоевград, пл. Георги Измирлиев 1, Благоевград
➡️ За да го потврдите вашето учество во Благоевград, ве молиме пополнете го формуларот за регистрација  ОВДЕ

За време на информативните настани, експерти од Управниот орган, Националниот орган и Заедничкиот секретаријат на Програмата ќе ги презентираат следниве теми:

  • Преглед на повикот за предлог проекти
  • Подобност на апликантите, активности и трошоци, проценет буџет
  • Методологија за евалуација на предлог проекти
  • Практични упатства за аплицирање и електронско поднесување на документи

МСП кои сакаат да аплицираат, но сѐ уште немаат воспоставени партнерства, ќе имаат можност да воспостават контакт со други заинтересирани организации за време на Форумот за пребарување партнери, кој ќе се одржи како дел од информативната кампања.

Пред-регистрацијата за настаните во Штип и Благоевград е задолжителна (учеството е бесплатно).

🕑 Краен рок за регистрација: 20 јуни 2025, 14:00 часот (EET)

Мени за пристапност