Критериуми за поттикнување на МОС
Меѓуопштинска соработка за поефикасно и поефективно вршење на надлежностите.
Поаѓајќи од оваа придобивка, Министерството за локална самоуправа и во иднина ќе ја поттикнува меѓуопштинската соработка, за што се подготвени соодветни критериуми. Членовите на Комисијата за поттикнување на меѓуопштинската соработка на денешниот состанок генерално ја прифатија Одлуката за утврдување критериуми за финансиско поттикнување и поддржување на меѓуопштинската соработка, подготвена врз основа на Закон.
Критериумите главно се однесуваат на административните и финансиските капацитети на општините за вршење на законски утврдените надлежности, на очекуваните придобивки од меѓуопштинската соработка, на бројот на општини кои што воспоставуваат меѓуопштинска соработка, на претходно обезбедени средсва од други финансиски извори, како и на тоа дали општините кои што воспоставуваат МОС досега ја вршеле надлежноста или не.
Средствата за поттикнување на МОС во утврдените области од пошироко значење и интерес ќе се доделуваат преку јавен повик, објавен од страна на Министерството за локална самоуправа. Максималниот износ на средствата за МОС ќе биде утврден зависно од вкупно расположливите средства за финансиско поттикнување на меѓуопштинската соработка, планирани во буџетот на Република Македонија за таа намена, во тековната година.










