Почетна | Новости | Соработката со Долна Нормандија ќе продолжи и во наредните три години

Соработката со Долна Нормандија ќе продолжи и во наредните три години

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Министерот за локална самоуправа, Муса Џафери и заменик претседателот на францускиот регион Долна Нормандија, господин Туре,

позитивно ја оценија досегашната соработка меѓу општините од Република Македонија и Франција и се договорија таа да продолжи и во наредните три години.Нашата соработка служи за пример во Франција. Таа е долгорочна, плодна и многу динамична. Како резултат на досегашната соработка во повеќе области шест општини од Република Македонија се збратимени со општини од Долна Нормандија, истакна Туре.
          

Ова не се само добри зборови туку искрена желба за продолжување на соработката од која што директен бенефит имаат општините во Република Македонија, како што се Берово, Дебар, Охрид, Струга, Вевчани, рече министерот Џафери.Програмата за продолжување на соработката во наредните три години ќе биде потпишана во септември, во Долна Нормандија од страна на министерот за локална самоуправа и претседателот на регионот Долна Нормандија.Досегашната соработка се одвиваше врз основа на Меморандум потпишан од двете страни.

Соработката се реализира преку воспоставување на партнерства на локално ниво во пет различни области:
-Употреба на нови технологии за подобро локално владеење,
- Образование, млади и европско граѓанство,
- Медиуми и информатичко општество
- Култура и  одржлив туризам и
- Економски политики и прехранбено производство.
           

Програмата за децентрализирана соработка со 700 000 евра во изминатите три години беше финансирана од страна на француското Министерство за надворешни работи, а се имплементира преку реализација на конкретни проекти кои што се насочени кон општините.

line
image Им честитам на колегите од Србија и им се заблагодарувам за покажаната готовност во 2011 година да бидат домакини на Конференцијата,
image Со усвојување на десет клучни пораки содржани во документ Охридска агенда за регионална политика во Југоисточна Европа и Кавказот,
image Во организација на Министерството за локална самоуправа, со поддршка на Германското друштво за техничка соработка (ГТЗ),
image Министерот за локална самоуправа Муса Џафери и бугарскиот министер за регионален развој и јавни работи, Росен Плевнелиев, денеска во Софија потпишаа Меморандум за разбирање,
image Министерството за локална самоуправа со поддршка на УНДП, по втор пат ќе додели грантови за меѓуопштинска соработка.
  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст