Почетна | Новости | Со соработка меѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправаво против глобалната криза

Со соработка меѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправаво против глобалната криза

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Министерот за локална самоуправа, Муса Џафери, претставникот на Европската Унија во Република Македонија,Ерван Фуере и претставник од градот Скопје

ја отворија меѓународната Конференција на тема: “Како граѓанското општество и локалната самоуправа се борат со глобалните кризи”.Министерот Џафери ја истакна улогата на локалната самоуправа во услови на децентрализирана власт и се поголемата одговорност на локалната самоуправа во решавањето на проблемите за граѓаните.

Доброто владеење е услов за решавање на прашањата по мерка на граѓаните, затоа што тоа подразбира отворено, транспарентно, економично и ефикасно управување со јавните работи. Носење на одлуките на ниво кое што е најблиску до граѓаните и нивно вклучување во процесите на одлучување и на спроведување на одлуките.

Тоа е начинот на кој треба да им се приоѓа на предизвиците, па и на оние од глобално значење. Во услови на глобализација многу лесно проблемите добиваат глобална димензија. Но, нивното решавање не ја исклучува акцијата на национално, па и на локално ниво. Локалната самоуправа е точката во која најлесно ќе се најдат власта и граѓаните и ќе се договорат за заедничко делување, рече министерот Џафери.На Конференцијата учествуваа претставници од локалната самоуправа и од граѓанскиот сектор од државите во регионот.

line
image Им честитам на колегите од Србија и им се заблагодарувам за покажаната готовност во 2011 година да бидат домакини на Конференцијата,
image Со усвојување на десет клучни пораки содржани во документ Охридска агенда за регионална политика во Југоисточна Европа и Кавказот,
image Во организација на Министерството за локална самоуправа, со поддршка на Германското друштво за техничка соработка (ГТЗ),
image Министерот за локална самоуправа Муса Џафери и бугарскиот министер за регионален развој и јавни работи, Росен Плевнелиев, денеска во Софија потпишаа Меморандум за разбирање,
image Министерството за локална самоуправа со поддршка на УНДП, по втор пат ќе додели грантови за меѓуопштинска соработка.
  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст