Соработката на локалната самоуправа со граѓанскиот сектор
Министерот за локална самоуправа, Муса Џафери, учествуваше на трибината организирана од страна на Фондацијата Конрад Аденауер и Делегацијата на Европската Унија,
на која граѓанските организации имаа можност да се запознаат со можностите за соработка со единиците на локалната самоуправа во Република Македонија.Незамисливо е да се креираат нови политики кои што имаат директно влијание на граѓаните, без да биде консултиран и суштински инволвиран граѓанскиот сектор.
При утврдувањето на нормативната рамка во процесот на децентрализација, за централната власт релевантни соговорници беа локалните власти, но исто толку и граѓанскиот сектор, кој што, на мое задоволство покажа и сеуште покажува голем сензибилитет и интерес кон оваа област.Сега интересот на граѓанскиот сектор реално е насочен кон единиците на локалната самоуправа, како креатори на конкретни политики и испорачувачи на услуги кои што се од витална важност за животот на граѓаните, рече министерот Џафери.
Тој нагласи дека е неопходно да се зајакнат капацитетите на локално ниво за да можат да одговорат на иницијативите на граѓанскиот сектор и на потребите на граѓаните.Услов за воспоставување на функционална, а не само формална соработка е создавањето на институционални капацитети во рамки на општинската администрација кои што ќе бидат директно одговорни за иплементација на соработката која што претходно ќе биде дефинирана во конкретен документ.
Во центарот на вниманието секогаш треба да бидат граѓаните не само како корисници на услуги туку и како учесници во процесот на донесување на одлуки, рече министерот Џафери.На трибината учествуваше и претставникот на Европската Унија во Република Македонија, Ерван Фуере, директорот на фондацијата Конрад Аденауер, како и претставници од градот Скопје.
На трибината беа споделени и искуства од соработката на градот Дрезден со граѓански организации од Германија, како и во меѓународни рамки.










