Размена на искуства со Словенија
Во организација на проектот TAIEX, инструмент на Европската Унија, претставници од Министерството за локална самоуправа, престојуваа во Словенија.
Раководителот и помошник раководителот на секторот за ЕУ, Сашка Мамучевска и Насер Муареми, како и директорот на Заедничкиот технички секретаријат во Струга, Гоце Толески, во соработка со Службата за локална самоуправа и регионална политика при Владата на Словенија, имаа можност да разменат искуства во функциониеањето на институционалните структури за прекугранична соработка на Словенија.
За таа цел претставниците од Министерството за локална самоуправа имаа можност директно да се запознаат со начинот на работење на канцелариите-антени во Штајнел и во Сежана, како на Заедничкиот технички секретаријат во Марибор.










