Почетна | Новости | Информативни форуми за проекти од ИПА Програмата за прекугранична соработка со Албанија

Информативни форуми за проекти од ИПА Програмата за прекугранична соработка со Албанија

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Во организација на Министерството за локална самоуправа, денеска во Охрид се одржува Информативен форум за изнаоѓање на партнери за проекти за прекугранична соработка

меѓу Република Македонија и Република Албанија,во рамките на вториот јавен повик за проектни предлози. Проектите ќе бидат финансирани со средства од ИПА Програмата на Европската Унија, наменети за прекугранична соработка.Информативните сесии се од отворен тип и на нив може да учествуваат сите заинтересирани субјекти.
Следните Информативни форуми ќе се организираат во Гостивар и во Прилеп, како и во Пешкопеа, Албанија. Во Албанија веќе се одржаа Информативни форуми, во Елбасан и во Корча.
 

Вториот јавен повик за проекти за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија е објавен на 19-ти април и ќе биде отворен до 19-ти јули 2010 година.Од страна на Европската Унија за овој јавен повик се наменети вкупно 3 милиони и 525 илјади евра, од кои 2 милиони и 200 илјади се наменети за Република Македонија, а 1милион и 325 илјади  за Албанија.
 

Проектните предлози треба да се однесуваат на три области: Економски развој, со акцент на унапредувањето на туризмот, одржлив развој на животната средина, или конкретно заштита, унапредување и управување на природните богатства и екосистемите, како и социјална кохезија и културна размена.За проекти од  првите две области,  грантовите ќе изнесуваат минимум 50.000 а максимум 200 000 евра.За третата област, минимум 20.000, а максимум 50 000 евра.Во рамките на овој јавен повик можат да аплицираат општините, непрофитните организации и институции на локално и на регионално ниво, како и други субјекти.

Министерство за локална самоуправа

line
image Им честитам на колегите од Србија и им се заблагодарувам за покажаната готовност во 2011 година да бидат домакини на Конференцијата,
image Со усвојување на десет клучни пораки содржани во документ Охридска агенда за регионална политика во Југоисточна Европа и Кавказот,
image Во организација на Министерството за локална самоуправа, со поддршка на Германското друштво за техничка соработка (ГТЗ),
image Министерот за локална самоуправа Муса Џафери и бугарскиот министер за регионален развој и јавни работи, Росен Плевнелиев, денеска во Софија потпишаа Меморандум за разбирање,
image Министерството за локална самоуправа со поддршка на УНДП, по втор пат ќе додели грантови за меѓуопштинска соработка.
  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст