Министерот Џафери присуствуваше на конференцијата "Демократија и децентрализација„ во Швајцарија
Министерот за локална самоуправа Муса Џафери во рамки на конференцијата "Демократија и Децентрализација" која се одржа во Сан Гален, Швајцарија, го пренесе искуството
на Република Македонија на тема "Децентрализацијата во мултиетничките општества„, како и предизвиците со кои се соочува земјата во процесот. На конференцијата се дискутирапе за четири теми, кои се важни за процесот на децентрализација, како: децентрализацијата во мултиетничките општества, референдумот во локално и регионално ниво, принципот на субсидијарноста и ресурси и управување со буџетот.
Принципот на субсидијарноста и учеството на граѓаните во локалните политики беа истакнати како клучни елементи за напредокот и развојот на децентрализацијата. Создавањето на соодветни мерки, што значи зајакнување на мониторингот и имплементацијата на процесот на децентрализацијата, се потенцира како важна карактеристика за соодветен развој . "Ние можеме да ги споделиме нашите мислења едни со други, да дискутираме за нив, но не можеме да превземаме еден систем од друга земја и да го применуваме во друга, бидејќи секоја земја е различна", изјави Карл-Хајнц Ламберт од Белгија.
Во склоп на конференцијата министерот Џафери реализираше повеќе средби со политичари и експерти од европските земји, како: Андреас Грос, европарламентарец на Европскиот парламент, Џозеф Келер, претседател на кантонот на Сан Гален, Џозеф Марко, директор на Центарот за источноевропски студии, Ирун Акурезабал, од делегацијата на регијонот Баскија, Шпанија; со претставници од делегациите на Грузија, Украина, Белгија. Освен што се споделија искуства и перспективи за патот на децентрализацијата, се согласија за билатерални соработки во оваа област.
Промовирање на конструктивен дијалог и размена на искуства во спроведувањето на децентрализацијата во земјите-членки на Советот на Европа беа целите на конференцијата, која исто така укажа на улогата и важноста на сите страни вклучени во овој процес.Федералниот оддел за надворешни работи на Швајцарија, Советот на Европа и универзитетот на Сан Гален беа организатори на конференцијата.










