Почетна | Новости | Ресен со потенцијал во прекуграничните соработки

Ресен со потенцијал во прекуграничните соработки

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Министерот за локална самоуправа, Муса Џафери заедно со амбасадорот на Австрија во Република Македонија, Алоис Краут вчера ја посетија општина Ресен.

На средбата, градоначалникот на општина Ресен, Михаил Волкановски изрази задоволство од посетата на ресорниот министер. Волкановски ги презентираше интересите и можностите за развој на општината.

Општина Ресен е исклучително заинтересирана за развивање на прекугранична соработка со нашите соседи од  Република Грција и од  Република Албанија, особено во заштитата на природните ресурси што ни се заеднички. Заинтересирани сме и за соработка во областа на културата, како и за соработка меѓу бизнис секторот, рече градоначалникот на Ресен.

На трибината министерот Џафери говореше за имплементацијата на средствата за регионален развој, за проекти за развој на селата и за подрачјата со специфични развојни потреби. Исто така тој се осврна на можностите за развој и соработка преку користење на средства од европските фондови за прекугранична соработка.

Министерството за локална самоуправа ја координира втората компонента од ИПА фондовите на Европската Унија, за прекугранична соработка. Пелагонискиот плански регион ќе се вклучи во имплементацијата на Програмата за прекугранична соработка со Грција.

Но, Вашиот регион веќе е вклучен во прекуграничната соработка со Албанија. Минатата недела беше објавен вториот јавен повик за проекти за прекугранична соработка со Албанија. Јавниот повик ќе биде отворен во следните 3 месеци, до 19 јули 2010 година, рече министерот Џафери и ги повика сите заинтересирани субјекти да ја искористат можноста и да аплицираат.

Амбасадорот на Република Австрија, Алоис Краут истакна дека му е задоволство што е поканет да ја посети општина Ресен за да ги пренесе искуствата од неговата земја и да зборува за билатералните односи со Македонија.

Европска Унија има три основни принципи: слободен пристап на луѓе, капитал и услуги. Меѓутоа, понекогаш за да се заштити едниот треба да ограничи друг. Солидарноста е исто така еден од основните принципи на ЕУ, што се гледа и во случајот со Грција.

Мило ми е што билатералните односи со Македонија се многу позитивни, и тоа се одразува на билатералните договори во различни сфери„ рече амбасадорот Краут.Исто така тој додаде дека Австрија е меѓу првите три земји инвеститори во Македонија и ќе продолжи да ја поддржува  Македонија на патот за членство во Европската Унија. 

line
image Им честитам на колегите од Србија и им се заблагодарувам за покажаната готовност во 2011 година да бидат домакини на Конференцијата,
image Со усвојување на десет клучни пораки содржани во документ Охридска агенда за регионална политика во Југоисточна Европа и Кавказот,
image Во организација на Министерството за локална самоуправа, со поддршка на Германското друштво за техничка соработка (ГТЗ),
image Министерот за локална самоуправа Муса Џафери и бугарскиот министер за регионален развој и јавни работи, Росен Плевнелиев, денеска во Софија потпишаа Меморандум за разбирање,
image Министерството за локална самоуправа со поддршка на УНДП, по втор пат ќе додели грантови за меѓуопштинска соработка.
  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст