Почетна | Новости | Министерот Џафери во посета на Центарот за регионален развој на Вардарскиот плански регион

Министерот Џафери во посета на Центарот за регионален развој на Вардарскиот плански регион

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Министерот за локална самоуправа, Муса Џафери, ја посети општина Велес и Центарот за регионален развој на Вардарскиот плански регион.

На средбата со градоначалниците од Вардарскиот плански регион, министерот Џафери го најави следниот јавен повик за проекти за регионален развој на почетокот на наредната година.

Задоволство ми е да истакнам дека при првиот јавен повик за финансирање на проекти за регионален развој, Вардарскиот плански регион обезбеди 19 милиони и двеста илјади денари за реализација на проектите за развој на регионот и за развој на селата. Овој регион,  покажа конкурентност со што за себе обезбеди 10,2 насто од вкупните средства за оваа намена.

Најголемиот дел од овие средства, скоро 17 милиони денари ќе бидат насочени кон развој на транзитниот и алтернативниот туризам, како и кон создавање на брендирани земјоделски производи,  проекти кои што произлегуваат од спецификите на овој регион.
Во оваа прилика сакам да најавам дека следниот јавен повик ќе биде објавен на почетокот на наредната година, рече министерот Џафери.
    

Претседателот на Вардарскиот плански регион, градоначалникот на Велес, Горан Петров, ги истакна предностите на регионот и неговата конкурентност, што му ја обезбедува централната географска позиција, автопатот, железничката пруга и течението на реката Вардар.
    

Директорот на Центарот на Вардарскиот плански регион, Александар Бузалков, ја промовираше Програмата за развој на планскиот регион за наредниот петгодишен период. На состанокот говореше и претставникот на УНДП, Михаела Стојковска, која ја истакна подготвеноста на УНДП да продолжи со поддршката на Центарот во јакнењето на капацитетите за спроведување на политтиката на регионален развој.

                    

      Министерство за локална самоуправа

line
image Им честитам на колегите од Србија и им се заблагодарувам за покажаната готовност во 2011 година да бидат домакини на Конференцијата,
image Со усвојување на десет клучни пораки содржани во документ Охридска агенда за регионална политика во Југоисточна Европа и Кавказот,
image Во организација на Министерството за локална самоуправа, со поддршка на Германското друштво за техничка соработка (ГТЗ),
image Министерот за локална самоуправа Муса Џафери и бугарскиот министер за регионален развој и јавни работи, Росен Плевнелиев, денеска во Софија потпишаа Меморандум за разбирање,
image Министерството за локална самоуправа со поддршка на УНДП, по втор пат ќе додели грантови за меѓуопштинска соработка.
  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст