Почетна | Новости | Mинистерот Џафери на меѓународната конференција "Искуства и најдобри административни практики"

Mинистерот Џафери на меѓународната конференција "Искуства и најдобри административни практики"

Големина на фонт: Decrease font Enlarge font
image

Министерот за локална самоуправа Муса Џафери, учествуваше на меѓународната конференција на тема "Искуства и најдобри административни практики"

која што се одржа во Приштина, во организација на Владата на Република Косово.
Министерот Муса Џафери ги  претстави искуствата на земјата, со посебен акцент на Стратегија за реформа на администрацијата, процесот на децентрализација како сегмент од Рамковниот Охридски договор, како и усогласувањето на законите со европското законодавство.

На Конференцијата учествуваа експерти од Европската комисија, Хрватска, Германија, Македонија, Словенија, Естонија и Косово во областа на структурите, правната основа на работа и функционалноста на јавната администрација, и електронското владеење, како важен фактор во модернизацијата на администрацијата.

Учесниците заклучија дека реформите на јавната администрација и нејзината модернизација, со сите параметри како професионална администрација, материјално прифатливи, функционални и ефективни, е важен и клучен фактор за интеграција во големото европско семејство.

Министерот Џафери, реализираше и билатерални средби со министерот за локална самоуправа на Косово, г-дин Садри Ферати и министерот за јавна администрација г-дин Арсим Бајрами, на кои што се разговараше за чекорите и предизвиците за поефикасна администрација и за исполнување на условите за приближување кон Европската Унија.
line
image Им честитам на колегите од Србија и им се заблагодарувам за покажаната готовност во 2011 година да бидат домакини на Конференцијата,
image Со усвојување на десет клучни пораки содржани во документ Охридска агенда за регионална политика во Југоисточна Европа и Кавказот,
image Во организација на Министерството за локална самоуправа, со поддршка на Германското друштво за техничка соработка (ГТЗ),
image Министерот за локална самоуправа Муса Џафери и бугарскиот министер за регионален развој и јавни работи, Росен Плевнелиев, денеска во Софија потпишаа Меморандум за разбирање,
image Министерството за локална самоуправа со поддршка на УНДП, по втор пат ќе додели грантови за меѓуопштинска соработка.
  • email Email на пријател
  • print Принт верзија
  • Plain text Само текст